Манекенка предизвика возбуда на Инстаграм: „Само што сретнав маж, ист како Матеј Периш“

Матеј Периш исчезнат сплиќанец во Белград на новогодишната ноќ/Фото: Screenshot

Од исчезнатиот Матеј Периш, на кој му се изгуби секаква трага во Белград, вечерта помеѓу 30 и 31 декември минатата година и понатаму нема трага, а една манекенка од Хрватска предизвика општа возбуда на социјалните мрежи кога објави на Инстаграм дека го видела во Минхен, пренесува „Курир“.

Според пишувањата на Курир, манекенката од Хрватска на Инстаграм стори напишала дека во главниот град на Баварија забележала маж кој, како што тврди е „ист како Матеј“.

„Само што се сретнав со личност која изгледа исто како него, три пати во центарот на Минхен“ – напиша манекенката мислејќи на Матеј Периш.

Таа во истата објава претходно се распрашувала дали некој знае колку е висок Матеј.

„Дечкото кој го сретнав е моја висина, околу 183 сантиметри, можеби и повисок“ – наведе таа.

Наведе дека видела маж многу сличен на Периш додека стоел пред поранешниот ресторан „Опатија“ и дека вадел пари од банкомат.

Ги замоли сите кои знаат колку е висок Матер да ѝ се обратат на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот