Манчини: Да ја заборавиме европската титула и да се концентрираме на Македонија

Роберто Манчини и Италија изминатото лето триумфираа на Европското првенство/ фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Роберто Манчини, селекторот на италијанската репрезентација е свесен дека поради „неуспехот“ што не се обезбеди директен пласман на Светското првенство преку квалификациските групи, па тоа ќе мора да го направи преку бараж.

А таму во полуфиналето како претпоследна пречка на патот кон Мундијалот во Катар 2022 кон крајот на март следната година пред своите навивачи ќе ги одмери силите против македонската А селекција.

Годинава Италија успеа да ја освои титулата на Европското првенство, но Манчини сака тоа што побрзо да се заборави и да се концентрираат неговите играчи во додатните квалификации за СП.

– Многу луѓе беа среќни поради нашиот успех на Евро 2020, тоа е нешто најубаво на што сме сите горди. Но, Европското првенство е зад нас, сега треба да се концентрираме на следните мечеви.

Има многу наши репрезентативци кои треба да се подобруваат, за мене е најважно е да се пласираме на Светското првенство каде што мислам дека 10-12 играчи можат да напредуваат, секако доколку успееме да се најдеме во Катар – рече Манчини за „Скај Спортс Италија“.

Италија сепак нема да ја пречека Македонија во Палермо!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот