Манчевски: Законот е јасен, доколку не се продолжи вонредната состојба, изборите треба да се одржат на 5 јули

ЕУ до 15 јуни треба да ја соопшти рамката за преговори со нашата држава, а немањето Собрание ги одлага и тие процеси, нагласи Манчевски.

Вонредната состојба во земјата е продолжена за 14 дена, но ако нема ново продолжување, немаме избор, законот е јасен, изборите треба да се одржат на 5 јули, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во гостувањето на Канал5 телевизија.

Тој рече дека е најдобро да одиме на избори со консензус од сите политички субјекти, додавајќи дека опозицијата бега од избори, бидејќи ги знае рејтинзите, кои покажуваат водство на СДСМ.

-Она, што според мене е поважно од датумот на избори, дали на 5 јули или некој друг ден, е изготвување на протоколи за организација на изборите, протокол за изборна кампања, за денот на изборите, истакна Манчевски, додавајќи дека веројатно нема да има услови за митинзи и контакти со граѓаните, но ќе се концентрираме на медиумско презентирање, бидејќи во ова ново нормално сите треба да се прилагодиме.

Тој нагласи дека ние сме единствена држава во светот која нема Собрание, имаме техничка влада, што требаше да подготви избори, а здравствената криза не затече во таков период, но тоа не значи дека треба да трае вечно.

– Ние сме веќе изморени, имавме проблем, резулат на зголемувањето на бројот на инфицираните е дека оние што беа најодговорни, министерството за внатрешни работи, еднострано реши да не казнува, рече Манчевски, додавајќи дека граѓаните масовно не ги почитуваа мерките за заштита, знаејќи дека нема санкции.

Сега и секојдневните проблеми на граѓаните се решаваат со уредби и затоа е неопходно што побрзо да имаме легитними институции, согласно здравствените протоколи за заштита на безбедноста на граѓание, нагласи Манчевски во гостувањето на Канал 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот