Манчевски: Учениците се изложени на сајбер булинг

Неопходно е сите да се вклучат во кревање на свеста за опасностите на кои се изложени и да се превенира сајбер булингот на кој во светски рамки биле подложени 43 проценти од децата, а е присутен и кај нас, апелираа денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, кои со ученици од Основното училиште „Петар Поп Арсов” слушаа предавања за сајбер безбедност.

– Кога зборуваме за сајбер безбедност обично луѓето сфаќаат дека е за безбедноста на компјутерските системи, но не е така. Сајбер безбедноста е многу повеќе и во денешното дигитално  време особено децата кои се цело време на интернет се изложени на булинг и напади преку сајбер просторот. Податоците покажуваат дека во светски рамки 43 проценти од децата биле изложени на сајбер булинг и веројатно тоа се случува и  со децата кај нас, изјави министерот Манчевски.

МИОА, укажа,  од пролетта почна пилот проект за превенција преку едукација и заедно со учениците, наставниците и родителите сакаме да ја кренеме свеста за се што може да се случи преку сајбер булинг.

– Насилството во сајбер просторот за жал е многу често и може многу  лесно да се пренесе во реалниот физичкиот простор и децата да бидат и физички загрозени, рече Манчевски.

Предавачи на работилницата се експерти од областа од Министерството за внатрешни работи, а за состојбите со сајбер насилството можностите за заштита на приватноста на интернет говореше Матеј Плавевски, средношколец, кој има добиено меѓународна награда за развивање апликација за спречување и пријавување сајбер насилство.

Плавевски веќе работи на надградба на апликацијата. – Целта е да им помогнеме на жртвите од сајбер насилство како полесно да добијат помош. Иницијална  верзија на апликацијата е објавена, но со фондот што го добивме од УНИЦЕФ сакаме да ја доразвиеме,  изјави Плавевски.

Општина Карпош, информираше градоначалникот Богоев, пред почетокот и во тек на учебната година презема активности за безбедноста на учениците од сите аспекети. – Ангажиравме дежурни лица кои ќе го запираат сообраќајот кога учениците доаѓаат  и си одат од училиште,  преземаме активности за безбедност во исхраната односно нејзин валитет, како и за сајбер безбедност. Во денешно време тоа се нови предизвици  бидејќи дигитализацијата и користењето на интернет и социјалните мрежи се корисни но истовремено носат опасности,  изјави Богоев.

Предавањето е трет ваков настан во рамки на пилот проектот и се планира активноста да се прошири и во останатите училишта Следната недела, најави манчевски, ќе стартуваат активности и за Европската недела на кодирање и ќе се зборува на овие теми и во основните и во средните училишта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот