МАММАМИА! Манескин комплетно голи на промо фотографија за новиот сингл
Италијанскиот бенд Манескин не пропушта можност да ја шокира публиката, па за промо фотографијата со која ја најавија новата песна на нивниот инстаграм-профил се разголија до гола кожа.
На фотографиите кои беа објавени на профилот на групата Манескин за промовирање на датумот на излегувањето на новата песна се појавуваат сите четири членови заедно „како од мајка родени“.
View this post on Instagram
Нивните интимни делови се покриени од нивните коси или делови од телото на другите, а они кои се „провлекуваат“ се покриени со суптилни сликички од црни ѕвезди.
View this post on Instagram
Манескин се појавија во рекламна кампања на Гучи, за победничките настапи фестивалите Санремо и Евровизија беа облечени од Етро, со години се појавуваат во аутфити од најголемите италијански дизајнерски имиња како Валентино и Долче&Габана, но сепак се чини дека омилен аутфит им е оној издизајниран од „Мајка Природа“.
View this post on Instagram
Новата песна насловена „МAMMAMIA“ ќе биде објавена на 8 октомври точно на пладне, а е веќе достапна во претпродажба на „Spotify“ и „Apple Music“.
View this post on Instagram