Малдини е институција, трета генерација фудбалери во Милан

Презимето Малдини е синоним за италијанскиот фудбал но што е поважно и за Милан. Првиот кој го облече дресот на „росоњерите“ беше Чезаре Малдини. По него следуваше легендарниот капитен, Паоло, а по нивните стапки оди синот на капитенот, Даниел Малдини.

Новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло го повика младиот 17-годишен Даниел Малдини на подготовките на првиот тим.
Младиот крилен напаѓач имаше тренирано со првиот тим во минатото, но овој пат тој е помеѓу 29. фудбалери кои ги започнаа подготовките за идната сезона.

Минатата сезона, Даниел Малдини, кој за разлика од неговите татко и дедо не е дефанзивец, одигра 26 натпревари за младинскиот тим на Милан и постигна 10 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот