Максим Димитриевски утре во Крушево ќе ја започне претседателската кампања

Максим Димитриевски/Фото: Слободен печат

Ќе тргнеме симболично од Крушево, таму каде што се поставени темелите на нашата држава, најави Димитриевски

Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски најави дека утре од Крушево почнува караван во пресрет на кампањата за претседателските избори. Караванот ќе заврши во Струмица на 22 април. Димитриевски соопшти и дека ќе одржат два помасовни собири.

Слоганот на партијата е „Максимум за Македонија“, а програмата ќе биде именувана како „Манифест за Македонија“.

– Ќе се обидеме во следниот период да допреме директно до граѓаните. Ќе тргнеме симболично од Крушево, таму каде што се поставени темелите на нашата држава. Утре во 12 часот ќе ја презентираме програмата, а ќе завршиме на денот пред изборниот молк на 22 април во Струмица. На граѓаните ќе им ја објасниме нашата програма, која содржи пет конкретни начела, со конкретни решенија за нашите можности како држава, изјави Димитриевски на брифинг со новинарите.

Димитриевски најави дека ќе одржи и два помасовни собири, едниот во Куманово, а за другиот дополнително ќе се одлучи.

Кампањата за претседателските избори почнува на 4 април на полноќ, а ќе заврши на 22 април. Официјално, има седум кандидати за претседател.

Согласно редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче за претседателски избори под број еден е кандидатот на СДСМ – Стево Пендаровски. Број два е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ-Гордана Силјановска-Давкова, број три е кандидатот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски. Под број четири е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, под број пет е Билјана Ванковска-Цветковска, кандидат на Левица. Под број шест е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и под број седум е кандидатот на ЗНАМ – Максим Димитриевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот