Макрон е „лош претседател“ според две третини од Французите

Французите во голем дел, или цели 69 отсто, на Макрон посебно му забележуваат за неговата комуникација.

Околу 64 отсто од Французите сметаат дека претседателот Емануел Макрон е „лош претседател”, покажуваат резултатите на анкетата на групата Одокс.

Анкетата, спроведена по повод 1.000 дена од доаѓањето на Макрон на функцијата, наведува дека 32 отсто од Французите сметаат дека Макрон е „многу лош претседател”, додека спротивното го мислат 36 отсто од испитаниците.

Од оние кои имаат лошо мислење за францускиот претседател, 62 отсто сметаат дека е „лош заради политиката што ја води”, додека 37 отсто оценуваат дека е лош заради „ставот, тонот и комуникацијата”.

Французите во голем дел, или цели 69 отсто, на Макрон посебно му забележуваат за неговата комуникација.

Француските медиуми, пак, пренесуваат дека на Макрон и натаму му се забележува дека ја носи етикетата „претседател богаташ”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот