Макрадули: Во 2018 година во земјава не е увезен опасен отпад

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули/ Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Тој рече дека, како што кажале и претходно, „Дрисла” нема добиено дозвола од МЖСПП за увоз на таков отпад.

Во 2018 во земјава не е увезен опасен отпад,  посочи заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, при при денешната посета на Велес. Тој појасни дека во државата никој нема добиено дозвола да се увезе отпад за истиот да се чува некаде.

Тој рече дека, како што кажале и претходно, „Дрисла” нема добиено дозвола од МЖСПП за увоз на таков отпад.

Макрадули појасни дека контролите се постојани и има систем во кој се и тие потписници на ратификации коишто постојат како Базелската Конвенција, a која што се споредува со други држави.

-Во овој момент во „ОХИС” има подготвен опасен отпад кој треба да го изнесеме од државата и тој ќе влезе во некои западноевропски земји каде што има технологии за обработка на тој опасен отпад, бидејќи во земјава не постојат технологии за преработка на тој опасен отпад, појасни Макрадули.

Тој им порача на граѓаните дека тие се будни и редовно се вршат контроли,а целта им е да се врати довербата на граѓаните кон институциите.

Воедно потенцира дека секоја нелегална активност подлежи на кривичните закони во државата.

Во врска со протестите за изградба депонијата во Неготино, Макрадули појасни дека е јасен нивниот став дека истата нема да се гради.

Тој порача дека таму каде што има некој објект треба да се користат најдобрите светски пракси и да се врши мониторинг.

Тој информира дека во западно европските земји има 445 инсталации коишто обработуваат алтернативно гориво, но сите ги проверуваат оџаџите каква е нивната емисија и какво е влијанието на околината.

-Тоа е нашата задача со користење на модерни технологии и науката и зголемен мониторинг да направиме една рамка во којашто сите ќе се чувствуваме посигурни и побезбедни, потенцира Макрадули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот