Македонските ракометни надежи ќе играат за деветтото место на Мундијалот

фото: РФМ

Денеска македонска кадетска ракометна репрезентација триумфираше со резултат 22:20 над Унгарија на Светското првенство.

По првото полувреме ниту една од двете селекции немаше предност, односно на семафорот стоеше 12:12.

Први стрелци во победата беа Мирче Калајџиески и Александар Петковски со по пет постигнати голови.

Значаен придонес во триумф имаше и голманот Иван Галевски кој запиша 11 одбрани и по мечот беше прогласен за МВП.

Во својот последен натпревар избраниците на селектор Раде Стојановиќ в петок од 20.00 часот за деветтото место на Мундијалот ќе играат против Чешка која со 36:33 ја совлада Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот