Македонските кошаркарки се пласираа во четвртфиналето на ЕП „Дивизија Б“

Втор триумф за македонските млади кошаркарки на ЕП во Скопје/Фото: kfsm.mk

Во многу важниот натпревар за пласман во четвртфиналната фаза, женската кошаркарска репрезентација на Македонија „Под 20 години“ денеска ја победи Романија (55:53).

Најефикасна во нашата селекција беше Селцова со 12 поени (пет скокови), додека Атанасовска имаше 10 поени (пет скокови).

На спротивната страна 14 поени (по четири скокови и асистенции) имаше Мазилу, а по 10 коша запишаа Петроф и Кроитору (15 скокови).

Тоа е втор триумф во четири одиграни натпревари во групата „Ц“ во која вториот патник за четвртфиналетого даде дуелот помеѓу селекциите на Црна Гора и на Хрватска.

Победата на Црна Гора против Хрватска (80:49), значеше пласман на нашите кошаркарки во најдобрите осум на Европското првенство „Дивизија Б“ во Скопје.

Четвртфинале, двојки (15 јули, петок) –

Турција – Германија

Словенија – Македонија

Израел – Грција

Црна Гора – Норвешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот