Македонските борачи по олимписка норма на Светското првенство во Белград

фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Официјално почнува Светското првенсво во борење за сениори кое и оваа година ќе се одржува во Белград, Србија.

Боите на Македонија ќе ги бранат осум натпреварувачи кои ќе се трудат да обезбедат олимписка норма за учество на Летните олимписки игри во Париз 2024.

Светското првенство ќе стартува со борбите во слободен стил, на 16 и 17 септември ќе се натпреваруваат Бесир Алили (61 кг.), Фати Вејсели (70 кг.) и Дејан Митров (86 кг.).

Потоа, на 17 и 18 септември ќе настапат Владимир Егоров (57 кг.), Расул Шапиев (74 кг.) и Ахмад Магомедов (79 кг.), а на 18/19 септември Магомедгаџи Нуров (97 кг.). Машката екипа е предводена од тренерит Бобан Данов и Суфијан Исмаили.

Во женска конкуренција на 20 септември ќе се бори Вероника Рјабоволова, која е предводена од тренерот Магомед Ибрагимов.

Борбите ќе можат да се следат во живо на официјалната страна на УВВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот