Македонската Царина ќе добие грант од 4,8 милиони евра од Јужна Кореја

Фото: Принтскрин/Царинска управа

Царинската управа на Северна Македонија ќе добие 4,8 милиони долари грант од Владата на Република Кореја за воспоставување систем за управување со ризици и податочен склад. Грантот е дел од меморандумот за соработка што денес го потпишаа директорот на Царината Стефан Богоев и заменик на директорот на Бирото за Информатички комуникациски системи при Царинската служба на Република Кореја, Ки Донг Ким.

-Имплементацијата на овој систем е особено важна во време кога зависиме од брзата размена на податоци. Целиот свет во моменет се бори со растот на цените, а тоа се пресликува врз економија. Од друга страна, криминалот наоѓа свои форми на делување под закрилата на отворената економија. Со овој систем ќе добиеме подобро таргетирање на декларациите во кои постои ризик за плаќање давачки во помал износ од декларираниот, а ќе го спречиме и неточното пријавување на потеклото на стоката. Исто така ќе овозможи натамошен развој на Царината и подобро менаџирање со ризиците, што значи заштита на финансиските интереси на државата и повеќе пари во Буџетот – истакна Богоев.

Македонија и Република Кореја воспоставија дипломатски односи во 2019 година.

-Овој проект беше промовиран со силната волја на двете царински служби, а самиот документ го потврдува тоа низ добрата соработка. Царината на Кореја и во иднина ќе и помага на оваа институција – истакна Ки Донг Ким.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот