Македонија презент: Шест нови книжевни избори

Издавачката куќа „Македонија презент“ и Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност подготвија и објавија шест антологии. Тие се, всушност, тематски броеви на списанијата „Селект“ и „Книжевна академија“.

Станува збор за Антологијата на македонски афоризам, што ја подготви Васил Толевски, Антологиите на поезија од македонски автори што живеат и создаваат во странство и Антологијата на посветени песни на Скопје и скопјани, што ги подготви проф. д-р Васил Тоциновски, како и Антологијата на македонската хаику поезија, што ја подготви проф. д-р Христо Петрески.

Исто така, објавени се и Антологијата на македонскиот современ расказ и Антологијата на современи авторски бајки, кои ги подготви Христо Петрески. Станува збор за обемен и сериозен проект што се подготвуваше неколку години, а намерата и целта беше да се заокружи и да се реализира како комплет од шест антологиски книги, односно избори и панорамски прегледи.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 42, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот