Мајката и близначките во Виена не умреле од ГЛАД: Дедото на близначките тврди дека е се измислено!

Стеван Илиќ од Витановец во близина на Краљево, таткото на 45-годишната Весна М. и дедо на нејзините две ќерки близначки, кои беа пронајдени мртви во стан во Виена, тврди дека тие не умреле од глад, како што соопштија австриските власти, пишува курир.рс.

Смрта на трите Србинки ја шокираше австриската, но и српската јавност, кога обдукцијата покажа дека мајката и ќерките починале од глад. Меѓутоа, родителите на Весна велат дека вистината е поинаква.

– Мојата ќерка и двете внуки не починаа од глад. Тоа можам да ви го гарантирам. Сосетка ги видела со две кесиња храна пред неколку дена. Последен пат со нив се слушнавме кон средината на април – изјавил таткото на Весна за медиумите.

Неговата сопруга Даница Илиќ, ја демантира и информацијата дека нејзините внуки биле лица со инвалидитет и рекла дека биле потполно здрави.

-Ма каков инвалидитет, тие беа здрави и прави. За трагедијата дознавме од медиумите. Потоа со нас контактираа и службите од Виена, од кои добивме официјална информација за смртта – истакнала Даница.

За потсетување, Весна М. и нејзините 18-годишни ќерки близначки беа пронајдени мртви во стан во Виена. Обдукцијата покажа дека починале од глад, а во нивниот стан не била најдена никаква храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот