СО АУТОПСИЈА ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА: Утврдено од што починале мајката и двете ќерки во Виена

Фото: Принтскрин

Полицијата во еден стан во Виена ги пронашла мртвите тела на Весна М. (45), како и нејзините 18-гидишни ќерки близначки, а со аутопсија е утврдено дека мајката и ќерката починале од глад, пишува курир.рс.

– Извршена е обдукција,. Како што сега стојат работите, првичните рзултати укажуваат на тоа дека смртта на трите женски лица настапила како резултат на тоа што неколку дена воопшто не консумирале храна, односно од состојба на глад“, изјавил портпаролот на полицијата во Виена, Патрик Мајерхофер.

Се претпоставува дека смртта настапила кон крајот на март или почетокот на април оваа година, а телата биле пронајдени откако загрижените пријатели на семејството ги алармирале пожарникарните служби и полицијата.

Како што пренесуваат српските медиуми, соседите на мајката Весна М, тврделе дека станува збор за психички болна личност, а дека речиси никој не доаѓал да го посети семејството.

Тие ретко ги гледале мајката и близначките во соседството, но  затоа често слушале викање и бучава од нивниот стан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот