Мајка на четири малолетни деца ја изгуби битката со коронавирусот: Кристен била антиваксер и противник на носењето заштитни маски

Фото: Принтскрин / Facebook

Кристен Ловери (40) од Калифорнија, која силно веруваше во теориите на заговор за вакцинација против коронавирусот го загуби животот оставајќи четири малолетни деца, пренесува 24сата.hr

Кристен била антиваксер и противник на носењето заштитни маски. Коронавирусот воопшто не ја плашел.

Семејството на Кристен пред младата мајка да ја изгуби битката потврдило дека Кристен била хоспитализирана поради ковид, а нејзината состојба нагло се влошила. Развила пневмонија, а телото не можело да издржи.

Кристен непосредно пред да биде хоспитализирана споделила пораки на „Фејсбук“ во кои навела дека е „слободоумна“ и дека „здружено ќе ги победат вакцинираните“.

На една фотографија која ја споделила на социјалните мрежи, позира со транспарент на кој пишува „дајте им глас на оние кои се разболеа од вакцините“.

Нејзината сестра Кејси изјавила дека Кристен не била политички наклонета и дека не сакала да слуша други мислења за вакцините.

Нејзиниот случај го коментираат многу корисници на социјалните мрежи, а повеќето се прашуваат зошто некои не ја разбираат важноста на вакцините. Други истакнаа дека имаат многу малку сочувство со луѓето кои одбиваат да носат маска и да се вакцинираат.

Семејството сега собира пари за погребот на Кристен, а 24sata.hr наведува дека досега собрале над 11.000 долари на страницата „GoFundMe“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот