Магла ја намали видливоста на три патни правци во земјава

Магла на пат/Фото: Архива на Слободен печат

Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри вечерва има на патниот правец Куманово – Страцин, а од 10 до 15 метри на патот с. Лисец – Попова Шапка, информираа АМСМ.

Намалена видливост до 100 метри има и на планинскиот превој Ѓавато. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот