Маџовски: Потребна ни е една победа за враќање на самодовербата

Екипата на Еурофарм Пелистер во досегашниот дел од ракоментата Лига на Европа не успеа да се израдува на победата, во четири кола има учинок од едно реми и три порази, но според играта заслужија повеќе бодови на своето салдо.

Битолчани во последното коло загубија на гостувањето во Словенија кај Тримо Требње, а притоа одиграа слабо. Утре ракометатите на Е. Пелистер ќе имаат можност да ја поправат сликата од минатата недела, а воедно и да се реваншираат за поразот.

– Можам да ви кажам дека во Словенија одигравме еден од нашите најслаби натпревари. Иако создававме позиции и шанси, имавме голем проблем со реализацијата. Противникот не нè изненади со ништо од тоа што го подготвувавме, па дури и можам да кажам дека го спречивме нивното најсилно оружје – транзиција и брзата игра. Сепак, со тринаесет промашени зицери, тешко се добива натпревар. И минатата, а и оваа сезона се соочуваме што и на добиени натпревари, не ги освојуваме бодовите. Веруваме дека и тоа ќе го надминеме. Го оставаме последниот натпревар зад нас, се подготвуваме и во вторник се надеваме дека ќе излеземе како победници. Ни треба една победа да се крене екипата, да ја врати самодовербата. Иако можам да кажам дека атмосферата е добра во клубот, тренираме и се спремаме одлично, но ни треба таа една победа да ја вратиме самодовербата – вели крилото на Еурофарм Пелистер. Бојан Маџовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот