МААЕ бара пристап до нуклеарната централа Запорожје во Украина

Нуклеарна централа Запорожје
Нуклеарна централа Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI SUPINSKY epa Historical Collection digitized in 2012 as part of the EURO-Photo project

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси побара во Советот за безбедност на ОН пристап до нуклеарната централа во Запорожје, Украина, каде се вршат воздушни напади, за што Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат.

„Ситуацијата е сериозна и МААЕ мора да биде овластена да ја изврши својата мисија во Запорожје што е можно поскоро”, нагласи Гроси, говорејќи онлајн за време на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН посветен на украинската нуклеарна централа.

Гроси рече дека „времето истекува” и потсети дека МААЕ со недели се обидува да испрати мисија за проверка на објектот.

Местото на електраната Запорожје, најголемата во Европа, од почетокот на март е под руска контрола. Со цел да се гарантира безбедноста на локацијата и да се овозможи инспекциската мисија, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и САД повикаа на формирање демилитаризирана зона околу централата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот