Лукашенко: Не дај Боже да треба да одлучувам за нуклеарното оружје, не би се двоумел

Александар Лукашенко / Фото ЕПА

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нема да се двоуми да нареди во Белорусија да се користи руско тактичко нуклеарно оружје во случај на агресија врз неговата земја.

Претходно оваа година, рускиот претседател Владимир Путин ги објави плановите за распоредување на нуклеарно оружје со краток дострел во соседна Белорусија, која е руски сојузник. Иако Путин нагласи дека Русија ќе ја задржи контролата врз споменатото оружје, изјавата на Лукашенко го сугерира спротивното, наведува АП.

„Не дај Боже денеска да треба да донесам одлука за употреба на ова оружје, но не би се двоумел пред агресијата“, рече Лукашенко, пренесе белоруската државна агенција БелТА. Руските власти се уште не ги коментирале изјавите на Лукашенко.

Лукашенко нагласи дека побарал од Путин да распореди руско нуклеарно оружје во Белорусија и додаде дека таков чекор е неопходен за да се спречи потенцијална агресија.

„Верувам дека никој не би сакал да се спротивстави на земја која има такво оружје. Тоа е застрашувачко оружје“, посочи Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот