Лукаревска: Жени со навршени 60 години старост да работат 6 часа, а притоа да ја задржат истата плата до пензија

На овие избори Социјалдемократскиот сојуз оди со родово избалансирани листи, а ќе обезбедиме и 40% застапеност на жени на сите извршни функции кои се именуваат од страна на Владата. Принципот 50/50 што го промовираме во сите сфери на општеството значи еднакви права за жените и мажите, еднакви плати за жените и мажите, еднакви обврски за жените и мажите, рече Лукаревска.

-Во програмата нудиме стратегии за директна поддршка на женското претприемништво, како и на младинското претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис. Заедно со другите мерки за обуки, усовршување и доквалификација, ќе ги поттикнеме жените да земат активно учество во економските текови на државата. Жени работнички со навршени 60 години старост да работат 6 часа (ја задржуваат целата плата) до пензија- рече Лукаревска.

Лукаревска потсети дека во изминатите три години е донесен нов закон за прекин на бременоста, усогласен со европските стандарди, со кој ѝ е вратено правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје.

-Веруваме во општество кое дава еднакви шанси на сите граѓани. Градиме општество во кое секој граѓанин, без разлика на полот, има еднаков пристап до ресурсите и нивната праведна распределба- рече на трибината носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот