Лукаревска: Продолжуваме по најтешкиот пат, но со признат македонски јазик и идентитет

Сања Лукаревска, потпретседател на СДСМ/ Фото: СДСМ

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил посочи дека „знаат да кажат НЕ и кажале“.

Лукаревска вели дека сега „продолжуваме по најтешкиот пат, но со признат македонски јазик и идентитет“.

„Знаеме да кажеме НЕ и кажавме. Продолжуваме по најтешкиот пат, но сега со признат македонски јазик и идентитет и со широка расправа која ќе ја појасни сликата до последен детаљ како одговор на сите шпекулации. Знам дека луѓето што го водат овој процес се одговорни и дека нема да дозволат решение кое нè разнебитува. Ова се денови за вистински одлуки. Не смееме сопствената иднина да и ја предадеме на неизвесноста и да му ја препуштиме на времето“, пишува Лукаревска.

Фото Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот