Лука Јовиќ ја доби казната за шлаканицата против Монца

Фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Српскиот напаѓач од редовите на Милан, Лука Јовиќ за викендот во натпреварот против Монца доби црвен картон во натпреварот кој Милан го загуби со 4:2. Денес Јовиќ ја дозна и суспензијата.

Тренерот Пиоли нема да може да смета на Јовиќ во следните два натпревари во Серија А. Милан без неговите услуги ќе биде против Аталанта на домашен терен и на гостувањето кај Лацио во Рим.

Јовиќ му удри шлаканица на играчот на Монца Арманду Ицу, без него на теренот Милан дојде до 2:2, но во финишот прими нови два гола и го загуби натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот