Луизијана и Мисисипи имаат проблем со снабдувањето на гориво, поради ураганот Ида

Њу Орлеанс погоден од ураганот Ида/ Фото: EPA/SKIP BOLEN

Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) издаде итни отстапувања од стандардите за гориво во државите Луизијана и Мисисипи, кои стапија на сила веднаш, поради ураганот Ида.

ЕПА, во соработка со Министерството за енергетика на САД, реагира на проблемите со горивото предизвикани, на пример, од рафинериите или оштетувањето на инфраструктурата на нафтоводот поради урагани или други природни катастрофи, со издавање итни откажувања од одредени стандарди за гориво во погодените области.

„ЕПА одобри отстапување од стандардите во Луизијана и Мисисипи за да помогне во подобрувањето на условите за снабдување со гориво предизвикани од ураганот Ида. Откажувањето започнува на 30 август и завршува на 16 септември”, изјави денеска агенцијата, пренесува Ројтерс.

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од милион жители низ Луизијана и Мисисипи останаа без електрична енергија, откако еден од најсилните урагани во Соединетите држави, Ида ги погоди тие области.

Кабинетот на гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, објави дека поради обемот на уништувањето, „ќе има уште многу потврдени жртви“ и дека речиси никој во Луизијана нема електрична енергија, како и дека снабдувањето со вода е прекинато.

Спасувачките тимови со чамци и хеликоптери се обидуваат да стигнат до жителите на Луизијана, кои беа заробени во поплавите.

Граѓаните се заглавени на покривите или на таваните, а своите адреси за спасувачките тимови ги објавуваат на социјалните мрежи.

Многу патишта во Луизијана се непроодни, а телефонските врски се прекинати на некои места, поради што степенот на штетата се уште не е познат, службата за итни случаи на Њуорлеанс ги предупреди граѓаните да не излегуваат и дека ситуацијата е се уште многу опасна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот