Лозано во „Еден на Еден“ откри дека го ограбиле, а на Жаре му ја погоди омилената песна (ВИДЕО)

Фото: Промо

Расположен и опуштен како никогаш порано на ТВ гостување, Лозано дојде на снимањето на Еден на Еден со Жаре. Во недела, во 18.30 на Канал 5 ќе го гледаме нашиот најпопуларен пејач во едно поинакво издание.

Ексклузивно за Еден на Еден, Лозано раскажа и една непријатна случка, како го ограбиле додека бил на настап и без колку вредни работи останал. Малерот, Жаре успеа да му го разбие со еден магионичарски трик.

Фото: Промо

Лозано уживаше и во интересен квиз што му го подготви екипата на Еден на Еден, а публиката во студиото најмногу во делот кога запеа.

Како музички гости, во оваа емисија ќе ги видиме и „Љубојна“ кои ќе го најават својот концерт и уште еден интересен гостин.

Најавата ќе ви открие малку повеќе, а останатото ќе го дознаете во недела, на Канал 5 од 18.30.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот