Лош крај на старата „Црвена јабука“: Пејачот им должи пари на останатите членови, ќе се формира нова група

Фото: Инстаграм/„Црвена јабука“

Поранешниот тапанар и соосновач на рок-групата „Црвена јабука“, Дарко Јелчиќ Цуња го напушти музичкиот состав пред неколку години.

Во разговор за хрватски „Јутарњи лист“, сега тој проговори на оваа тема и откри дека причините за неговото заминување од „Црвена јабука“ биле финансиски, а, како што тврди, одговорен бил пејачот на групата Дражен Жериќ – Жера.

Затоа тапанарот решил да основа нова музичка група во Торонто, која ја нарекол „Цуња и Црвена јабука“.

„Искрено, подолг временски период имаше незадоволство меѓу нас. Не добивавме хонорари, а Жера се сврти кон некој, речиси, народен звук. На пример, песната ‘Jazz ba’ и сличните на неа, кои не беа нималку во духот на групата, која луѓето со години ја сакаа. Но, ете, работевме. Очекувавме да се променат нештата. Во 2017 година, јас одлучив да ѝ ставам крај на соработката“, изјави Цуња за „Јутарњи лист“.

„Дојдовме до бројка од повеќе од педесет неплатени сметки. Жера ги наплаќаше концертите, но јас не видов ни денар. Порано хонорарот ни беше 500, 700, 1000 евра… Жера го намали хонорарот, но и тоа не го плаќаше“.

Исто така, Цуња тврди дека Жера од почетокот бил само пејач во групата и дека никогаш не учествувал во креативниот процес на создавање музика и пишување текстови.

Тој вели дека ниту еден од основачите, всушност, не ги поседува авторските права на името на групата, основана во 1985 година.

„Ние дознавме дека едно кафуле се вика ‘Црвена јабука’ во 1985 година, токму кога почнавме, па не можевме така да ја наречеме фирмата. До пред седум години, Жера беше сопственик на печатот, но тој печат е истечен. Всушност, никој не го поседува името на бендот“, вели Јелчиќ, кој истакнува дека во одреден момент се обидел да ги стави работите „под контрола“.

„Го преземав менаџментот од 2000 до 2010 година. Се обидов да го контролирам работењето и сѐ што се случуваше. Тогаш Жера одлучи дека работењето ќе го преземе маркетинг агенцијата на неговата сопруга, со што останатите членови на групата во голема мера се согласија“.

Сѐ тоа резултирало со неколку судски тужби, кои ги поднеле членовите на групата кои бесплатно свиреле на концертите и свирките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот