Ливерпул одби понуда од 116 милиони евра за Мохамед Салах

Мохамед Салах/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Ливерпул се најде во проблеми во финишот на преодниот рок, на „Енфилд“ стигна огромна понуда за услугите на Мохамед Салах од Саудиска Арабија, но истата засега е одбиена.

Шампионот на Саудиска Арабија, Ал Итихад понуди 116 милиони евра за Египќанецот, плус бонуси, но Ливерпул не сака да го продаде својот фудбалер.

„Црвените“ и можеби се свесни дека не можат да најдат идеална замена за Салах, особено што е последен ден од преодниот рок и слаби квалитетни решенија на трансфер пазарот.

Во Саудиска Арабија преодниот рок ќе трае уште две недели, а сигурно клубот од Ријад нема да се предаде во намерата да го ангажира Салах.

Британските медиуми пишуваат дека Салах нема ништо против да се пресели во Саудиска Арабија и прифати договор од 200 милиони евра за три сезони и би бил еден од најплатените играчи на денешницата.

Египќанецот од 2017 година го носи дресот на Ливерпул и до сега одигра 308 натпревари и постигна 187 голови. Претходно ги бранеше и боите на Рома, Челси и Базел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот