Лига Европа: Составот на РК Вардар 1961 за денешниот меч против Рајн-Некар Левен

фото: facebook.com/rkvardar

Денеска од 19.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе се игра првиот натпревар од квалификациите за пласман во групите на ЕХФ Лига Европа помеѓу македонскиот РК Вардар 1961 и Рајн-Некар Левен од Германија.

Повеќе информации околу цените на влезниците за мечот РК Вардар 1961 – Рајн Некар Левен на линкот ТУКА

Скопските „црвено-црни“ се свесни поради големиот предизвик и квалитетот на противникот, но играчите на Владо Недановски ќе дадат сè од себе да дојдат до поволен резултат пред реваншот кој е закажан за 3 септември.

ЕХФ ги објави составите на двата тима за денешниот дуел, во продолжение погледнете кои ракометари Недановски ги има на располагање. Меѓу нив е и засилувањето кое беше промовирано пред три дена, шпанскиот десен бек Виктор Алонсо Гарсија.

Јагуриновски, Георгиевски, Карапалевски, Томовски, Јасухира, Хансер Родригез, Лазаревски, Срдановиќ, Николиќ, Петриќ, Ѓукиќ, Алонсо Гарсија, Ќосевски, Нилтон Мело, Мишевски, Гогов.

Судии на мечот ќе бидат Марион Кул и Алвар Тинт од Естонија, додека ЕХФ делегат е Михаил Башев од Бугарија.

Од другите натпревари, денеска од 16.00 часот ќе играат Иштад – Хановер Бургдорф, од 18.00 Тримо Требње – Брага и од 19.00 Агуаш Санташ – Винтертур. Утре, в недела од 17.00 часот силите ќе ги одмерат ЧСМ Констанца и Гранољерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот