Лига Европа: Шахтјор на „бразилски погон“, Ренџерс пред елиминација! (ВИДЕО)

фото: твитер

Бразилските интернационалци Мораеш и Антонио се погрижија за радост на украинскиот гигант, а немаше победник на дуелот во Пиреја (1:1).

Пред празните трибини (поради епидемијата на коронавирусот) во Пиреја составот на Олимпијакос одигра нерешено со Вулверхемптон (1:1) во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа.

За позитива на грчкиот претставник стрелаше мароканскиот интернационалец Ел Араби во 54. минута после асистенцијата на Гиљерме.

Интересен е податокот што домаќините играа со еден фудбалер помалку на теренот уште од 29. минута кога црвен картон доби Семедо поради прекршок, кој на прв поглед не изгледаше така сериозен, но таа беше одлуката на францускиот судија.

Во 67. минута Нето од слободен удар му донесе активен резултат на премиерлигашот за учество во четвртфиналната фаза.

Немаше гледачи и во Волфсбург, каде што тамошниот германски тим загуби (1:2) од Шахтјор Доњецк во чиј стартен состав имаше дури шест Бразилци.

Украинците беа први во позитива од 17. минута благодарение на Бразилецот Мораеш, а на стартот од вториот дел израмни Брукс. Играчите на Кастро успеаја да направат целосен пресврт во 73. минута преку Антонио кој искористи една одбиена топка од голманот.

Овој меч можеше да има уште повеќе голови, бидејќи двете екипи имаа по еден нереализиран пенал, Коваленко кај гостите (22`), а Вегхорст кај домаќините (45+2`).

Имаше публика на последниот трет меч во Глазгов, односно на „Иброкс“ стадионот со 1:3 триумфираше Баер Леверкузен.

Мрежата на шкотскиот Ренџерс прв ја затресе Хаверц кој беше прецизен од белата точка во 37. минута од мечот, како и Арангуиз во 67. минута после еден долг напад на бундеслигашот.

Единствениот гол на Ренџерс го реализираше Едмундсон кој после еден изведен корнер највисоко скокна и го „матираше“ Храдецки. Третиот погодок на Баер беше дело на Бејли во самиот финиш од средбата.

Лига Европа, осминафинале
Први натпревари –

Олимпијакос-Вулверхемптон 1:1
Ренџерс-Баер Леверкузен 1:3
Волфсбург-Шахтјор Доњецк 1:2

Во првите мечеви од денешната програма, екипата на Манчестер јунајтед беше најубедлива која со 0:5 го „торпедираше“ австрискиот ЛАСК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот