Лига Европа, финале: Севиља и Рома за трофејот во Будимпешта и за место во ЛШ

фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Натпреварот кој го решава шампионот во Лига Европа за оваа сезона ќе се игра денеска од 21.00 часот кога рекордерот по број на трофеи од споменатото натпреварување Севиља ќе се соочи со актуелниот шампион на Конференциската лига, Рома, на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија.

Победникот во финалето ќе обезбеди место во групите на Лигата на шампионите следната сезона 2023/2024.

Андалузијците во борбата влегуваат како најуспешен клуб во натпреварувањето со оглед на тоа што шестпати го освојуваа трофејот во ЛЕ (2006, 2007, 2014, 2015, 2016, 2020 година).

Фудбалерите на Хозе Луис Мендилибар ја започнаа сезоната во ЛШ, каде што завршија на третото место во групата зад Манчестер сити и Борусуија Дортмунд. На патот до финалето го елиминираа Манчестер јунајтед, со вкупен резултат 5:2, а потоа во полуфиналето Јувентус со 3:2.

Од друга страна, Рома никогаш ја нема освоено Лига Европа, еднаш беше финалист во 1991 година, во тогашниот Куп на УЕФА кога загуби од Интер со вкупен резултат 2:1.

Играчите на Жозе Мурињо беа втори зад Бетис во групата „Ц“, а потоа во четвртфиналето беа подобри од Феенорд со 4:2, а потоа и против Леверкузен во полуфиналето (1:0).

Правдата на овој дуел ќе ја дели англискиот судија Ентони Тејлор, а ќе му помагаат Гери Бесвик и Адам Нан, додека во ВАР-собата ќе седат Крис Кавана, Стјуарт Атвел и Бастијан Данкер.

Потенцијални стартни состави:

Севиља: Боно – Навас, Баде, Гудељ, Тељес – Фернандо, Ракитиќ – Окампос, Торес, Хил – Ен Несири.

Рома: Патрисио – Манчини, Смолинг, Ибанез – Матиќ, Кристанте, Спинацола, Челик – Дибала, Пелегрини – Ејбрахам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот