Лифтовите во катната гаража „Смилевски конгрес“ мета на вандали, реагираат надлежните

Илустративно фото/СП

„Со лифтовите во катната гаража Кресненско востание се е во ред“, реагираат од АД за стопанисување со станбен и деловен прстор од значење на Републиката, наведувајќи дека фотографиите кои кружат на Твитер за отворен и необезбеден лифт, всушност се направени во катната гаража „Смилевски конгрес’’, но и таму состојбата е поинаква од прикажаното.

„Лифтот кој што е споменат е  еден од двата во катната гаража „Смилевски Конгрес’’. Не е во функција поради проблем со достава на  дел за негова поправка. Постапувајќи согласно сите безбедносни протоколи  лифтот  беше затворен  и соодветно означен дека е вон употреба. Веднаш по утврдување на проблемот, нашите служби интервенираа и повторно го затворија и  соодветно го означија лифтот, откако претходно  утврдија дека истиот е насилно отворен од страна на непознати сторители. Посочуваме дека станува збор за вандалски чин кој можел да предизвика сериозни последици. Дополнително ќе се превземат мерки за поголема безбедност на просторот, соопштија од АДСДП.

Од таму реагираат дека нивните објекти во центарот на Скопје и во претходни наврати се мета на вандали, со оглед на тоа што немаат чуварска служба, туку само видео надзор за да се спречат злоупотребите и секако заради поголема безбедност на граѓаните и возилата во катната гаража.

Без никакво предупредување, отворен лифт во катната гаража „Кресненско востание“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот