На социјалната мрежа Твитер, неколку корисници објавија фотографии кои сведочат голема неодговорност од страна на надлежните на катната гаража „Кресненско востание“.
Катна гаража Кресненско востание. Отворен лифт без никакво предупредување. Дали сте нормални и дали размислувате до какви последици може да дојде. Срамота pic.twitter.com/3QsDCMm9uV
— Хронично Ненаспиена (@nenaspiena) January 13, 2021
Имено, се работи за лифт во еден од ходниците на гаражата, кој е целосно отворен и небезбеден за граѓаните, а притоа нема никаква ознака за предупредување.
За среќа, и покрај овој пропуст, до овој момент не дошло до поголема несреќа.