Левица: Бараме итна седница за пратенички прашања за пропаста на „Еуростандард банка”

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, бараат утре да се одржи седница за пратенички прашања на која ќе присуствуваат министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната Банка, Анита Ангеловска-Бежовска, за да одговорат за пропаѓањето на „Еуростандард банка”.

Од Левица информираат дека денеска до претседателот Талат Џафери упатиле официјално писмено Известување со барање за свикување итна седница за поставување пратенички прашања, која согласно Деловникот е предвидена да се одржува секој последен четврток во месецот.

-Бидејќи планираме на оваа седница да го отвориме контроверзното прашање за пропаста на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај и на тргувањето со инсајдерски информации од страна на актуелни функционери на штета на граѓаните и јавниот интерес, пратениците на Левица, 24 часа пред седницата, писмено побараа на неа да се обезбеди задолжително присуство на министерката за финансии Нина Ангеловска и на гувернерката на Народната Банка на РМ Анита Ангеловска-Бежовска, согласно чл. 38 од Деловникот, велат од Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот