Лејкерси поуспешни во дербито за Лос Анџелес (ВИДЕО)

твитер

Во големото дерби Лејкерси со 112:103 ги совлдаа Клиперси и ја прекинаа серијата од три порази во меѓусебните дуели.

ЛА Лејкерс конечно успеа да ги совлада ЛА Клиперс и тоа по точно една година и низа од три порази. Првото полувреме помина во тврда игра за НБА стандардите, ниту една екипа не успеа да постигне повеќе од 30 поени во една четвртина.

Полувремето им припадна на Клиперси со 53:49, за во третата четвртина да проработи нападот, прво со серија од 15:5 дојдоа до предност од шест поени, а потоа следеше уште една серија, овој пат од 16:6 со што дојдоа до двоцифрена предност која до крајот не ја испуштија и дојдоа до триумф од 112:103.

Кај Лејкерси во главната улога беше тандемот, Ентони Дејвис – Леброн Џејмс. Дејвис постигна 30 поени и имаше осум скокови, а Џејмс натпреварот го заврши со 28 поени, 9 асистенции и 7 скокови. Во редовите на ЛА Клиперс, Пол Џорџ беше најефикасен со 31 поен, а Каваи Ленард постигна 27 поени. ЛА Лејкерс се најдобар тим во Западната конференција со скор од 49 победи и 13 порази, додека Клиперси се втори со шест победи помалку.

Најдобриот тим во НБА лигата, Милвоки бакс (53:11) е поразен од Феникс санс 140:131 и уште еднаш потврди дека тешко игра без својот најдобар кошаркар, Јанис Адетокумпо.

Шпанецот Рики Рубио со трипл-дабл од 25 поени и по 13 скокови и асистенции и Девин Букер со 36 постигнати поени беа најзаслужни за триумфот на Феникс над Милвоки во чии редови најпрецизен беше Крис Мидлтон со 39 поени.

Резултати:
Бруклин – Чикаго 110:107
Минесота – Њу Орлеанс 107:120
Бостон – Оклахома 104:105
Феникс – Милвоки 140:131
Далас – Индијана 109:112
Хјустон – Орландо 106:126
Вашингтон – Мајами 89:100
Кливленд – Сан Антонио 132:129 (прод)
Њујорк – Детроит 96:84
Сакраменто – Торонто 113:118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот