Лазаров одличен, со Нант го освои „Шпаркасен“ купот

twitter.com/HBCNantes

Лазаров доминира и на 39 години, продолжува со врвни перформанси, што е секако многу важно за нас на репрезентативен план.

Денеска во финалето на турнирот Нант успеа да ја совлада германската екипа Фуксе Берлин со конечен резултат 26:23 (14:10).

Еден од најзаслужните за победата и освојувањето на трофејот беше македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров.

Нашиот десен бек најави дека и во следната 2019/20 ќе блеска на терените, а тоа го докажува и сега со осум постигнати голови, три од седмерец против бундеслигашот.

На патот до финалето Нант успеа да ги совлада данскиот Есбјерг и германскиот Штутгарт.

Нант оваа сезона ќе настапува во ЕХФ Купот, само едно квалификациско коло ќе му биде потребно да помине доколку сака пласман во групите во ова второ по квалитет европско клупско ракометно натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот