Лавров во следните три дена ќе ги посети Грција, БиХ и Србија

Сергеј Лавров/ Фото Архива на Слободен печат

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров при турнејата низ земјите во регионот наредната  недела ќе ги посети Грција, БиХ и Србија.

Лавров утре ќе ја посети Атина, а во вторник и среда ќе биде во БиХ каде ќе разговара со највисокото раководство на таа земја, а одвоено и со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Рускиот министер ќе си замине од БиХ во среда, кога ќе пристигне на дводневна работна посета на Белград.

Како што претходно изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, Лавров ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ќе учествува во свеченостите по повод завршувањето на работата на Храмот Света Сава.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот