Лавров условува: Договорот за украинските житарки пак ќе се активира кога ќе се исполнат руските услови

Сергеј Лавров / Фото EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Русија ќе се врати на Договорот за извоз на украинските житарки преку Црното Море „истиот ден” кога ќе бидат исполнети условите на Москва за извоз на сопствено жито и ѓубриво на светскиот пазар, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Кога ќе се преземат сите неопходни активности за отстранување на пречките за нашиот извоз на жито и вештачко ѓубриво, истиот ден ќе се вратиме на колективното спроведување на украинскиот дел од иницијативата за Црното Море – рече Лавров по Самитот на Г20 во Индија.

На Самитот вчера беше усвоена декларација во која се апелира на „целосна, навремена и ефикасна имплементација за да се обезбеди моментална испорака на жито, храна и ѓубриво од Русија и Украина за да се задоволи побарувачката во земјите во развој“.

Договорот за извоз на украински житарки беше потпишан под покровителство на Анкара и ОН лани во летото со цел да се обезбеди извоз на украинските житарки преку украинските пристаништа на Црното Море. 

Во јули Русија се повлече од Договорот, кој е важен за снабдувањето со храна во светот, со образложение дека западните санкции го блокираат пристапот на нејзините земјоделски производи и ѓубрива до меѓународните пазари.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека не треба да се маргинализира Русија во преговорите за обнова на Договорот за извоз на украинското житарки преку Црно Море. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот