Лаутербах верува дека летово ќе падне бројот на ковид случаи, но наесен очекува нов бран

Карл Лаутербах
Карл Лаутербах / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска истакна дека очекува ситуацијата со коронавирусот во земјата да се олесни во текот на летото – но не толку како минатата година поради распространетоста на варијантата Омикрон.

– Сезонски, пандемијата ќе опаѓа, рече тој денеска на конференција во Баварија, пренесува ДПА.

Тој предвидува мал број случаи, но не толку низок како минатата година, кога летото беше „речиси без коронавирус”. – Варијантата Омикрон е премногу заразна за тоа, рече тој. Летото мора да се искористи за подготвки за есента, кога се очекува нов бран случаи, вели министерот за здравство.

Лаутербах процени дека сега има веројатно двојно повеќе случаи на коронавирус отколку што се официјално пријавени.

Тој, исто така, укажа на постоењето на нови варијанти на вируси, вклучително и подваријанта што циркулира во САД, која се шири многу побрзо од онаа што преовладува во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот