Латас и неговите браќа ослободени од обвинение во случајот „Тревник“
Обвинетите Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан обвинети за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково во случајот „Тревник“ на СЈО, се ослободени од обвинение, бидејќи не станува збор за кривично дело според законот. Трошоците за судењето одат на товар на државниот буџет. Ваква одлука предмалку донесе Кривичниот суд.
Од СЈО бараа судот да ги осуди браќата Павловиќ за бесправно градење и да им ги одземе викендичките.
Според СЈО, обвинетите делото го сториле со умисла, бидејќи иако знаеле дека немаат право на градба, сепак почнале да градат и, иако спротивно на закон, изградиле три викенд куќи во Општина Зелеников.
Одбраната, пак ги оспоруваше доказите на СЈО и посочи дека не успеале да го докажат делото за кое ги товарат.