Лани градежните фирми потрошиле за 5,5 проценти помалку материјали и енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.169.835 илјади денари, што е за 5.5 % помалку во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.535.280 илјади денари (38.6 %), потоа следат групите Потрошено гориво со 1.187.983 илјади денари (13.0 %), Изолациски материјали и премази со 1.158.258 илјади денари (12.6 %) итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот