Лајчак во нова посета на Белград и Приштина

Мирослав Лајчак/ Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во Приштина, а потоа во Белград, каде ќе има средби со учесниците во дијалогот.

Лајчак во текот на денот ќе престојува во Приштина, како што соопшти косовската влада, каде ќе има работен ручек со премиерот на Косово, Албин Курти и со шефот на приштинската делегација во дијалогот, Бесник Бислими.

Како што соопшти Претседателството на Србија, Лајчак доцна попладне во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот