Квартараро испиша историја во Асен (ВИДЕО)

twitter.com/sepangracing

Втор ќе биде Маверик Вињалес, а трет Алекс Ринс. Марк Маркес имаше четврто време, Андреа Довициозо заврши дури на 11 позиција, а Валентино Роси не беше ниту во вториот дел од квалификациите.

Французинот Квартараро е најмладиот возач во историјата кој вторпат по ред доаѓа до пол позицијата во рамките од Мото ГП натпреварувањето, вкупно трета за него сезонава.

 

Имаше најбрз круг во квалификациите (1:32.017 мин.), што е најдобар резултат на сите времиња на оваа патека.

Од петтата до 10 позиција се рангирани редоследно Жоан Мир, Кал Крачлоу, Данило Петручи, Такаки Накагами, Франко Морбидели и Џек Милер.

Трката за ГН Холандија ќе се вози в недела со почеток од 14.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот