Кутињо доби дозвола да се врати во Ливерпул

EPA-EFE/NEIL HALL

Фелипе Кутињо е подготвен да се врати во Ливерпул, а Барселона е подготвена да го пушти едно од најголемите разочарувања во клупската историја.

Бразилецот си замина од Ливерпул во јануари 2018 година за да го исполни сонот и да заигра за Барселона. Но, таа негова одлука не се покажа како најдобра, Кутињо не се снајде во каталонскиот клуб и не го оправда 140 милиони евра кои беа вложени во него.

Шпанскиот шампион на негово место го ангажира Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, а доколку сака да го доведе и Нејмар ќе мора да ги продаде Кутињо или Осман Дембеле за да не се најде во проблеми со финансискиот фер-плеј.

Според италијанските медиуми,  Кутињо добил дозвола да се врати во Ливерпул кој е расположен да го врати назад на „Енфилд“. Бразилецот се надева дека тренерот Јирген Клоп ќе му помогне да ја врати старата форма со која беше еден од најдобрите фудбалери во Европа. Ливерпул и понудил на Барселона, двегодишна позајмица со задолжителен откуп по истекот и тоа за сума од 95 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот