Куомо: Уште четири сојузни држави на карантинската листа на Њујорк

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо денеска донесе одлука за уште четири американски сојузни држави да се стават на карантинската листа на Њујорк, за да се спречи ширењето на Ковид-19 во државата, која е најпогодена од епидемијата.

На карантинската листа на Њујорк додадени се Минесота, Ново Мексико, Охајо и Висконсин, па сега патниците од вкупно 22 американски сојузни држави мора да поминат 14 дена во карантин пред да влезат во Њујорк.

Куомо предупреди дека намалувањето на бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Њујорк лесно може да се претвори во пораст на новозаболени заразени од другите држави.

Засилена е контролата и надзорот на патниците кои доаѓаат во Њујорк на аеродромите, железничките и автобуските станици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот