Кумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол”

M4034S-4211

Кумановскиот театар продолжува со претстави на интернет и за публиката денеска онлајн ќе ја прикаже претставата „Раскол”, соопшти театарот на својата официјална страница. 

Претставата е работена по текст на Владимир Плавевски, во режија на Бранко Брезовац, а играат актерите Сузана Брезовац, Драгиша Димитријевски, Горан Илиќ, Љупчо Хаџи Стојанов.

„Раскол” премиерно е изведена  во септември 1998 година и, според објавата на  театарот, била подготвена за рекордни 20 дена. Оваа претстава е и најдолго одржана на репертоарот, од 1998 до 2006 година, а на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп актерот Драгиша Димитријевски ја доби наградата за најдобро актерско оставрување.

Кумановскиот театар со „Раскол”, исто така, учествувал на голем број фестивали во земјава, како и во Бугарија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Аргентина. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот