Кумановец фатен со 7 грама кокаин, ОЈО спроведува истрага против него

Кокаин, илустрација / Фто: Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-На 22 октомври, осомничениот 28-годишен кумановец, движејќи се во близина на влезот на Ургентен центар во Куманово, кај себе држел 7 грама наркотична дрога – кокаин спакувана во две најлонски опаковки во кутија од цигари и во паричникот. Дрогата му била пронајдена при личен претрес од страна на овластени службени лица- наведуваат од ОЈО Куманово.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решение со кое му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот