Ќулавкова: Кога ја релативизирате важноста на Делчев, ја омаловажувате сопствената држава

Академик Катица Ќулавкова реагира на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерија Захариева дека Гоце Дечев е Бугарин, за што од Владата немаше конкретна реакција.

„Кога ја релативизирате важноста на Гоце Делчев, вие заправо ја повредувате ХИМНАТА на македонската држава, оти Гоце е дел од химната, а химната е симбол на државноста, па вие, всушност, ја омаловажувате сопствената држава Македонија“, напиша Ќулавкова на својот Твитер налог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот