Кукест крст осамна на споменик во Градски парк

Кукест крст - Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Камен плоча како дел од споменик осамна осквернавена со кукест крст односно знакот на свастика во Градски парк во центарот на Скопје, поточно непосредно до Министерството за земјоделство во паркот на Франкофонијата. Фотографијата најпрво се појави изутрината на социјалните мрежи и истата ги вознемири граѓаните. Меѓу првите кој го објави овој вандалски чин беше новинарот Ивор Мицкоски на Фејсбук, каде тој ги повика надлежните органи веднаш да реагираат и да се отстрани симболот на плочата кој има фашистички обележја.

– Избришето го, срамота е било каде, особено во Паркот на Франкофонијата – пишува во својата објава на социјалните мрежи Мицкоски.

Во меѓувреме „Слободен печат“ од МВР побара информации дали некој го пријавил сквернавењето на плочата со знакот на свастика досега и што е превземено од страна на ресорното министерство. Од полицијата кратко ни одговорија дека се запознаени со случајот.

– СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот – стои од одговорот на полицијата.

Инаку, овој вандалски чин во центарот на градот доаѓа во чуствително време кога домашната јавност се уште не може да се стабилизира, особено по отворањето на повеќе бугарски здруженија во Македонија со имиња на личности, длабоко поврзани со нацистичко фашистичка идеологија.

Кукест крст во Градски парк – Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Историчарите до земјава на неколку пати до сега апелираат и предупредуваат дека државата преку своите инструменти мора да ги спречи овие појави, кои се насочени против асномските темели на македонската држава. Проф. Литовски на неколку пати досега истакна дека додава дека ширењето на бугарска пропаганда потсетува на ситуацијата пред 100 години и според историската аналогија тоа не носи ништо добро.

Во меѓувреме членови на бугарската фондација „Македонија“ во петокот поставиле бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, објави фондацијата на социјалните мрежи. Членовите на фондацијата, поставувајќи го бугарското знаме, се пофалија и дека го исчистиле споменикот, додека на само неколу стотина метри од истиот деновиве беше вандализиран друг споменик во градскиот парк.

ФОТО: Бугари се пофалија дека го исчистиле споменикот на Гоце во Скопје и му ставиле бугарско знаме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот