Кубанска глумица пронајдена мртва на плажа: Отишла по цигари и не се вратила

Instagram

56-годишната кубанската глумица Броселинда Ернандез е пронајдена мртва на плажа во Мајами, пренесуваат странските медиуми.

Instagram

Како што соопштува полицијата, на нејзиното тело не се забележани знаци на насилна смрт, а надлежните органи наведуваат дека причината за смртта сѐ уште не е позната.

Семејството на Ернандез тврди дека таа во вторникот вечерта излегла да купи цигари и не се вратила.

Броселинда Ернандес (56), која повеќе од две децении глумеше во театар, филм и телевизија во Куба, последниве 8 години живееше во Мајами. Се издвојуваат нејзините улоги во „Habanera“ и „Things I Left in Havana“.

Стана позната по улогите во кубански сапунски опери во текот на 90-тите години на минатиот век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот